Кипар ги олеснува рестрикциите за невакцинирани
Кипарската влада денеска соопшти дека ги укинува мерките за ограничување на движењето на невакцинираните лица за ковид-19, откако во последните денови е намален бројот на нови заразени и е намален притисокот врз здравствениот систем.
Од понеделник, 21 февруари, невакцинираните лица ќе можат да влегуваат во барови, ресторани, ноќни клубови, фудбалски стадиони, театри, хотели и кина, под услов да покажат негативен брз тест не постар од 24 часа.
Косово, Бугарија и Норвешка ги олеснија ковид мерките за влез
Од Министерството за здравство соопштија и дека е зголемен максималниот број на лица кои ќе биде дозволено да влезат во овие објекти, а намален е процентот на вработени во приватниот сектор кои мораат да работат од дома.
Истовремено, десегашните мерки со кои учениците од основните и средните училишта треба да прават редовни брзи тестови за да посетуваат настава се прошируваат и на наставниот кадар и на работниците под државна капа.
Во Кипар откриен нов сој, комбинација од Делта и Омикрон?
Последниот период на Кипар бројот на новозаразени се намалува секојдневно, а стапката на заразени е околу 2,2 отсто, при што е намален и бројот на хоспитализирани лица кои имаат развиено тешки симптоми на болеста.