Руските војници ќе се повлечат од Белорусија по заедничката вежба
Белорускиот министер за надворешни работи Улаџимер Макеј денеска изјави дека руските трупи ќе бидат целосно повлечени од територијата на Белорусија по завршувањето на заедничките воени вежби кои се одржуваат оваа недела, а беа поттикнати од стравувања дека Москва можеби планира да ја нападне соседна Украина.
„Ниту еден (руски) воен службеник, ниту едно парче воена опрема нема да остане. Ова е став на Министерството за одбрана, и белорускиот лидер Александар Лукашенко го потврди ова, а белоруските делегации го кажаа тоа за време на различни настани што се одржаа под покровителство на ОБСЕ“, изјави Макеј на денешната прес-конференција во Минск.
Експлозивна ситуација: руското воено трупање кај Украина е „без преседан“
Белорусија се граничи и со источното крило на НАТО и со Украина. Вежбите во кои учествуваат околу 30.000 руски војници предизвикаа загриженост на Запад поради вистинските намери на Кремљ. Според проценките на американските разузнавачки служби во областите во близина на границата со Украина.
Русија повлекува дел од трупите од границата кон Украина
Белорускиот авторитарен владетел Александар Лукашенко пред два дена изјави дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин во наредните денови за да одлучи „кога, под кои услови и на кој распоред“ руските трупи ќе почнат да ја напуштаат Белорусија по завршувањето на вежбите на 20 февруари.