Западот повика Русија да не се подготвува за војна, Москва спроведува воени вежби
На безбедносната конференција во Минхен, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Русија да престане да се подготвува за војна. Потпретседателката на САД, Камала Харис, рече дека секоја натамошна инвазија на Украина од страна на Русија ќе биде проследена со зајакнување на источното крило на НАТО. Проруските сепаратисти во источна Украина наредија воена мобилизација на населението. Додека западните лидери апелираат, Русија започна стратешка воена вежба.