Нови 674 случаи на ковид 19, починале 21 лице
Во последните 24 часа, регистрирани се 674 нови случаи на КОВИД-19 од направени 3.156 тестови, починале 12 лица (плус 9 преку „Мој термин“), а оздравеле 978 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 98 реинфекции.
Во изминатото деноноќие оздравеле 978 оздравени пациенти, а починале 12 лица. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Пандемијата не ги поколеба македонските крводарители
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид 19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 9 починати лица. Од починатите, петмина се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица, кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1 878 073 тестирања на ковид 19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 295.082, бројот на оздравени пациенти е 280 675, на починати е 8 958 а бројот на активни случаи изнесува 5 449.