Ковачевски се сретна со амбасадорката на Украина
Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја прими амбасадорката на Украина Наталија Задорожњук.
Амабасадорката Задорожњук на средбата ја изрази благодарноста на Владата на Украина за јасната и решителна позиција и поддршка на Владата на Северна Македонија за нејзината земја, и како особено значајно го оцени приклучувањето на Северна Македонија кон санкциите на ЕУ кон Русија, соопшти владината прес-служба.
Состојбата во Македонија стабилна, осуда за руските дејствија во Украина
Премиерот Ковачевски во разговорот истакнал дека Република Северна Македонија го осудува чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина, и нагласил дека постапката на Руската Федерација со директен напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на Украина е флагрантно кршење на меѓународното право.
Ковачевски потенцираше дека Северна Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници, и дека, како и останатите НАТО сојузници, ја оценува агресијата врз Украина како закана за мирот во Европа и светот, се вели во соопштението од прес-службата на Владата.