Силен земјотрес во Индонезија, најмалку седуммина загинати
Земјотрес со јачина од 6,2 денеска го погоди индинезискиот остров Суматра, при што загинаа најмалку седум луѓе, а 85 се повредени.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 66 километри северозападно од Букитинги, град во западна Суматра, на длабочина од околу 12 километри.
Меѓу загинатите има најмалку две деца.
Во Индонезија земјотрес со сила од 7,3 степени
Причинета е материјална штета, стотици куќи и згради се урнати во земјотресот.
Над 5000 илјади луѓе ги напуштија домовите поради потресот.