Ковачевски на самит на ЕБОР за Западен Балкан
Премиерот Димитар Ковачевски од денеска во наредните два дена ќе ја предводи владината делегација на Инвестицискиот Самит на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Западен Балкан кој што ќе се одржи во Лондон.
Ковачевски, според владиното соопштение, заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими за време на самитот, покрај учеството на пленарната сесија на самитот со која ќе претседава претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо, ќе остварат и повеќе други работни средби со високи претставници на банката.
За време на самитот Ковачевски е предвидено да се сретне и со високи претставници на ЕУ, како и да оствари повеќе билатерални средби со лидерите на земјите од Западен Балкан. Како дел од агендата на самитот, Ковачевски, заедно со лидерите на земјите од Западен Балкан учесници на самитот на ЕБОР, ќе одржи средба со премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон.