Мнозинството Финци сега сакаат да влезат во НАТО
За првпат, повеќе од половина Финци се „за“ влез на нивната земја во НАТО, покажуваат резултатите од анкетата нарачана од јавната радиодифузна компанија Yle.
Според резултатите од анкетата, од 1.382 возрасни испитаници, 53 отсто рекле дека Финска треба да се приклучи на одбранбениот сојуз, 28 отсто биле против, а 19 отсто биле неодлучни.
Протести низ светот за поддршка на Украина
Во анкетата биле земени предвид возраста, живеалиштето и полот на испитаниците, со цел да ја претставува нацијата од 5,5 милиони луѓе, оставајќи маргина на грешка од 2,5 процентни поени, велат од компанијата што ја спроведе анкетата. Анкетата почнала да се спроведува на 23 февруари, еден ден пред Русија да ја нападне Украина, додаде Иле.
Резултатите покажуваат нагла промена во ставовите, бидејќи пред две години само 20 отсто од Финците беа „за“ во анкетата нарачана од најголемиот дневен весник Хелсингин саномат.