Нови 476 случаи на Ковид-19, уште 17 починати лица
Повеќе оздравени од разболени од Ковид -19 имало во последното деноноќие, покажаа последните информации од Министерството за здравство за изминатите 24 часа. Направени биле 2.781 тестови, а регистрирани 476 нови случаи на Ковид -19, но и 524 оздравени пациенти.
Од новорегистрираните 68 се реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, починале 9 лица: 3 починати лица од Скопје (62г, 64г и 74г) и по едно починато лице од Куманово (78г), Радовиш (71г), Кочани (82г), Битола (73г), Кавадарци (47г) и Прилеп (86г).
Две години живот во пандемија- дали се гледа крајот
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (3), Куманово (1), Велес (1),Демир Хисар (1), Струмица (1) и Дебар (1). Починатите лица се на возраст од 63г. до 89г. Лицата за починати се пријавени во период од 16.02. до 27.02.2022.
Од вкупниот број починати лица, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на Ковид -дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.738, бројот на оздравени пациенти е 285.280, на починати е 9.027 а бројот на активни случаи изнесува 3.431.
Според епидемиолошки анализи во моментов најмногу активни случаи има во Скопје 1840, Битола 211 и Прилеп 173 случаи.