Маја Чаначевиќ солистка во „Моќта на класиката“ на Филхармонија
Бетовеновата петта симфонија и дела на Антон Рејха и Јозеф Фиала ја чинат програмата за концертот насловен како „Моќта на класиката“ што ансамблот на Филхармонија ќе го одржи в четврток, на 3 март. Солистка на англиски рог ќе биде Маја Чаначевиќ, а диригент маестро Конрад ван Алфен од Холандија.