Одбраната на Киев приоритет за Зеленски
Масивен руски конвој кон украинскиот главен град Киев. Руските сили го гранатирале центарот на Харков, вториот по големина град во Украина. Во напад на воена база во градот Охтирка, во регионот Суми загинале 70 украински војници. Руската армија денеска поставила контролни пунктови на периферијата на јужниот украински град Херсон, се само дел од информациите кои пристигнуваат на шестиот ден од почетокот на руската војна во Украина. Одбраната на главниот град од руската војска е главен приоритет, вели Зеленски.