Руската агенција за воздушен транспорт препорача прекин на летовите во странство
Денешната најава што ги обесхрабрува патничките и товарните летови, е де факто признание за ефектот на меѓународните санкции, кои беа водени откако Русија пред десет дена ја започна својата инвазија на Украина.
„Росавијација“ сугерираше дека руските авиокомпании на таквите рути ќе ризикуваат да бидат им бидат запленети авионите, врз основа на новите забрани за закуп на авиони за Русија.
Ердоган ќе разговара со Путин за запирање на војната во Украина
Препораката ги исклучи руските авиокомпании со руски авиони или оние кои не ризикуваат да бидат запленети. Водечкиот национален авиопревозник „Аерофлот“ објави дека ги стопира сите свои меѓународни летови, освен до белруските дестинации. Запирањето на „Аерофлот“ ги погоди и подружниците „Росија“ и „Аурора Ерлајнс.“
Белорусија дозволи трупање на десетици илјади руски војници на нејзината територија, пред нивната инвазија врз Украина на крајот од минатиот месец.