Северна Кореја го изврши деветтиот ракетен тест годинава
САД и соседните земји на Северна Кореја денеска осудија лансирање на сомнителна балистичка ракета од страна на Пјонгјанг, во услови кога се случува забрзана серија тестови на оружје, прекин на преговорите за денуклеаризација и претседателски избори во Јужна Кореја.
Јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши рече дека денешното лансирањето на ракетата кон морето источно од Корејскиот Полуостров „не е нешто што нашата земја и околните региони можат да го занемарат“, рече тој.
Северна Кореја во јануари изврши рекорден број на лансирања на проектили, пред да го намали интензитетот до продолжувањето со лансирање на 27 февруари.
Седница на Советот на ОН за ракетните проби на Северна Кореја
Проектот „Север 38“ со седиште во САД кој ја набљудува Северна Кореја, на 4 март соопшти дека операциите во главниот нуклеарен реактор во Пјонгјанг се чини дека работат со целосен капацитет и дека тоа е можен знак за производство на гориво за нуклеарно оружје.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека повеќе не се чувствува ограничен поради самонаметнатиот мораториум на тестовите за нуклеарно оружје од 2018 година.
Стејт департментот на САД денешното лансирањето го нарече уште едно кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН од страна на Северна Кореја.
Војската на Јужна Кореја соопшти дека последното лансирање на проектил било направено во близина на Сунан, каде што се наоѓа меѓународниот аеродром на Пјонгјанг.
И двајцата водечки кандидати на претседателските избори во Јужна Кореја закажани за 9 март, ветија дека ќе се обидат да ги обноват разговорите со таинствениот комунистички Север.