Блинкен разговараше за Украина со кинескиот шеф на дипломатијата Ванг Ји
„Секретарот истакна дека светот гледа кои нации се залагаат за основните принципи на слобода, самоопределување и суверенитет“, изјави портпаролот Нед Прајс.
„Тој нагласи дека светот дејствува едногласно за да ја отфрли и да одговори на руската агресија, обезбедувајќи Москва да плати висока цена“, додаде Прајс.
Во меѓувреме, кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Ванг телефонски разговарал со Блинкен.
Според соопштението објавено на официјалната веб-страница на министерството, Ванг „ги охрабрил САД, НАТО, Европската унија и Русија да се вклучат во дијалог на рамнопрана основа, да се соочат со противречности и акомулираните проблеми во текот на годините, како и да обрнат внимание на негативното влијание од континуираната експанзија на НАТО и на исток, во безбедносното опкружување на Русија.
Блинкен го посети прифатниот центар за бегалци во Полска
Американскиот државен секретар претходно денеска се сретна со полскиот премиер и министер за надворешни работи Збигњев Рау, во полски град во близина на украинската граница, преку кој минуваат стотици илјади луѓе откако Русија го започна воениот напад врз Украина.
Блинкен ја пофали Полска, која е членка на НАТО, за нејзиниот одговор на акциите на Русија.
Путин предупреди против воведување зона на забранети летови над Украина
Во Полска има околу 10.000 американски војници, а повеќе од половина пристигнаа во последните недели.
„Полска прави витална работа за да одговори на оваа криза. Таа направи многу за да ја олесни безбедносната помош за Украина“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со Рау во градот Жешов.
Блинкен ја посети и полско-украинската граница и се сретна со бегалците.