Зеленски побара авиони од САД
Лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер - демократ од Њујорк, во соопштение наведе дека Зеленски „очајнички апелирал до земјите од Источна Европа да ѝ обезбедат авиони на Украина од руско производство.“
„Ќе направам сѐ што можам за да ѝ помогнам на администрацијата да го олесни нивниот трансфер“, рече Шумер, пренесува Ројтерс.
Блинкен го посети прифатниот центар за бегалци во Полска
Не беше јасно веднаш како Вашингтон може да помогне во трансферот на авиони од руско производство.
Во американскиот Конгрес контролиран од демократите, има силна двопартиска поддршка за итна воена и хуманитарна помош за Украина од 10 милијарди долари по руската инвазија која започна на 24 февруари.
Зеленски побара од Западот да воведе зона на забранети летови над Украина, но САД и нивните сојузници во НАТО ги отфрлија тие повици, плашејќи се од директна конфронтација со Москва.
Неколку републикански членови на Конгресот, вклучително и републиканските сенатори Марко Руби и Линдзи Грахам, на Твитер ја објавија својата поддршка за Зеленски за време и по видео разговорот.