Блинкен го посети прифатниот центар за бегалци во Полска
Блинкен ја пофали Полска, која е членка на НАТО, за нејзиниот одговор на акциите на Русија.
Путин предупреди против воведување зона на забранети летови над Украина
Во Полска има околу 10.000 американски војници, а повеќе од половина пристигнаа во последните недели.
„Полска прави витална работа за да одговори на оваа криза. Таа направи многу за да ја олесни безбедносната помош за Украина“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау во градот Жешов.
Блинкен ја посети и полско-украинската граница и се сретна со бегалците.
Инвазијата на Русија врз Украина продолжува и денеска, иако двете страни договорија прекин на огнот во градовите Мариупол и Волноваха за воспоставување на хуманитарни коридори. Додека руските сили уверуваат дека воените дејствија се запрени, градските власти во Мариупол тврдат дека руската војска не го почитува прекинот на огнот и дека евакуацијата на цивилите е одложена.