Времето денеска облачно со снег и дожд
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи претежно од снег, а долж Поврдарието од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во претпладневните часови. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6 степени.
Во Скопје и околината ќе биде облачно со врнежи од дожд и снег. Максималната температура ќе достигне 4 степени.
Во текот на ноќта и претпладнево имаше пообилни врнежи на снег на повеќе места, а во среднот дел на земјата и Повардарието врнежи од дожд.
Од вчера попладнето поради обилните снежни врнежи е воведена забрана за товарни моторни возила на превојот Пресека и на патните правци Гостивар – Стража и Крак Маврово – Дебар.
Поради снегот на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка задолжително е користење зимска опрема, соопшти АМСМ. На останатите патни правци во државата сообраќајот се одвива по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.