Оружен грабеж на скопска банка на пладне
Маскирани и вооружени лица со пиштоли им се заканувале на вработените во скопската експозитура на Уни Банка по што им украле голема сума пари. Од полицијата соопштија дека две од трите лица кои учествувале во оружениот грабеж се приведени.
Грабежот се случил денеска на пладне, при што еден од вооружените ограбувачи испукал и куршум при излегувањето од експозитурата кон едно од лицата што ја обезбедувале. Од полицијата соопштуваат дека во грабежот нема повредени.
Три македонски банди го држат црниот пазар со дрога
Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот. Засега останува непознато за колкава сума на пари станува збор, а еден од тројцата разбојници и натаму е во бегство.