Штериев: Војната во Украина ги затекна инвеститорите на берзите
Украинскиот конфликт дефинитивно ги затекна инвеститорите на светските берзи, а корелација постои и со нашата берза, изјави денеска Иван Штериев, извршниот директор на Македонска берза АД Скопје. Тргувањето на берзите и глобално и регионално, но и локално оваа година се одвива во доста комплексни и сензитивни околности, со специфично опкружување.
Војната удри и врз македонските земјоделци и транспортери
„Во регионов падот на нашата берза е некаде минус 5 проценти, во Бугарија, Хрватска, Словенија со минус 6, минус 7, минус 11. Значи сите берзи реагираа на неекономски фактор – воен конфликт, кој е најтешко предвидлив што ќе се случува, а тргувањето со акции е фактички денешна проценка на инвеститорите каков „кеш флоу“ ќе имаат компаниите во иднина. Во вакви услови е нормално инвеститорите секаде и во странство и кај нас да бидат попретпазливи, некои од нив да продаваат иако не планирале да продаваат итн“, рече Штериев.
Нафтата и гасот „рипнаа“, европските берзи во пад по ескалација на воениот конфликт
Помалиот пад на Македонската берза, како што вели тој, се должи на фактот што кај помалите берзи е вообичаено постоење на т.н. статички ценовни лимити.
Потенцира дека тешко може да се предвиди колку ќе трае воениот конфликт, но додаде дека и во вакви услови има можност за добро пласирање на акциите и, како што рече, внимателни и паметни инвеститори можат да најдат добра можност за инвестирање.
За зголемувањето на цените на нафтените деривати рече дека осцилаторно ќе влијае на класичните компании од нафтената индустрија, но сепак посочи дека тоа ќе значи и можност за инвестирање и во компании што се поврзани со нафтениот сектор.