Бесими-Брнз: Можности за продлабочување на економската соработка со САД
Продлабочување на економската соработка со Соединетите Американски Држави, економските последици коишто би можеле да настанат како последица од руско-украинската војна, како и реализацијата на инфраструктурни проекти, чија што реализација е клучна за развојот на државата, биле темите на коишто министерот за финансии, Фатмир Бесими разговарал со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз.
Од Министерството за финансии соопштија дека Бесими ја информирал амбасадорката за сетот мерки што ќе се реализира во следниот период со цел подобрување на стандардот на населението и конкурентноста на домашната економија.
Петровска – Брнз: Северна Македонија и САД се пример за сојузничка одбранбена соработка
Амбасадорката Брнз, како што додааваат во соопштението, ја потврдила заложбата за натамошна поддршка од страна на САД како стратешко партнерство и порачала дека владеењето на правото и борбата против корупцијата ќе бидат клучни фактори во подобрување на деловната клима и остварување на стратешките цели за побрз, одржлив и инклузивен раст.
„Воедно на средбата беше упатена благодарност за поддршката на РС Македонија, која како НАТО сојузник, се приклучи кон повикот за запирање на воените дејствија во Украина, што овозможува можности за зајакнување на идната соработка со САД“, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.
Оттаму додаваат дека Соединетите Држави се еден од најзначајните стратешки партнери на Република Северна Македонија и оти одличните политички релации меѓу двете земји треба да поттикнат и попродлабочена економска соработка во блиска иднина.