Вучиќ: Мора да имаме доволно пченица за населението, но и за соседството
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денес дека земјата вовела мерки за извоз на земјоделски производи откако во понеделникот се соочила со барање за извоз на најголемото досега ниво од 200.000 тони на пченица.
Според него, Србија во резерви има 800.000 тони пченица и еден милион тони пченка и потсети дека годишните потреби се 1,2 милиони тони пченица, а жетвата e во август.
„Сакаме да го избегнеме она што се случи во понеделникот. Она што ја помина административната линија на Мердаре во историјата нема поминато, како и на другите премини. Вкупното барања беше на ниво од 200.000 тони пченица, што логистички не можевме да го направиме. За еден ден имавме барање да извеземе четвртина од нашите резерви. Во регионот има толкава побарувачка за житариците, а цените отидоа до небо и сите мора да обезбедат леб за населението“, објасни Вучиќ.
Владата, како што наведе, ќе процени кога земјата ќе биде целосно безбедна за извоз.
„Мораме да мериме секој ден за да не се загрижиме ни секунда и дали имаме доволно за населението, но и за соседството. Да имаме ние, а да немаат луѓето во Скопје, Подгорица и Бјелина-нема смисла. Ние сме систем на споени садови“, рече тој.
Војната удри и врз македонските земјоделци и транспортери
Тој додаде дека извозот на масло за јадење скокнал за 109 отсто. Вучич порача и дека во Србија има доволно нафта и нафтени деривати и дека снабдувањето не е проблем, туку скокот на цените, поради што државата интервенирала за да ги заштити граѓаните.