Федерацијата БиХ ги укина вакциналните сертификати
Властите на другиот ентитет, Република Српска, го разгледуваа, но воопшто не воведоа вакво правило.
На владите на кантоните, односно на кризните штабови на десетте кантонални министерства за здравство во ФБиХ им е наредено континуирано да ја следат епидемиолошката состојба во нивните кантони, за во случај на влошување правовремено да реагираат и да донесат мерки и за тоа редовно да го известуваат кризниот штаб.
Минатата недела во ФБиХ е забележан средно висок ниво на пренос на коронавирусот и пад на сите индикатори. Бројот на заразени се намалува, а седумдневната инциденца минатата недела беше под 42 случаи на 100 илјади жители.
Некои институции купувале по 4-5 пати поскапи ракавици и маски за ковид-19 од други
Наредбите и препораките на Кризниот штаб на федералното Министерство за здравство стапуваат на сила веднаш и ќе траат 30 дена, наместо досегашните 15 дена.