Харис: Путин не е подготвен да се вклучи во дипломатијата
Рускиот претседател Владимир Путин не покажува знаци дека е подготвен да се вклучи во дипломатијата, изјави денеска американскиот потпретседател Камала Харис за време на посетата на Романија во врска со руската инвазија врз Украина.
„Од сето она што го знаеме и сме сведоци, Путин не покажува знаци дека се занимава со сериозна дипломатија“, рече Харис на прес-конференцијата со романскиот претседател Клаус Јоханис.
Харис ја изрази поддршката на САД за напорите на Романија да им помогне на бегалците од Украина и ја потврди посветеноста на САД за заштита на колегите членки на НАТО за време на турнејата низ земјите од источното крило на Алијансата.
Запрашана дали Вашингтон има намера да го зголеми бројот на војници во Романија, Харис рече: „Ние на дневна основа ќе ги проценуваме потребите што ги имаме за одржување на стабилноста во овој регион“.
Таа рече дека секој напад или таргетирање на цивили во Украина е воено злосторство.
Макрон: Подготвени сме за нови санкции против Русија
Букурешт беше втората станица на Харис на тридневното патување низ источна Европа. Русија ја нападна Украина на 24 февруари, а западните земји воведоа жестоки санкции против Москва.