Нови 315 случаи на ковид, починати 5 пациенти
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.182 тестови, а регистрирани се 302 нови случаи на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни 35 се реинфекции. Оздравени се 315 пациенти, а починале 5 лица од: две починати лица од Скопје (79г и 81г) и по едно починато лице од Струмица (72г), Струга (80г) и Битола (90г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од: Охрид (88г) починатиот е пријавен на 07.03.2022 . Пријавеното лице е починато во домашни услови. Сите починати лица (6), се со регистрирани коморбидитети.
Некои институции купувале по 4-5 пати поскапи ракавици и маски за ковид-19 од други
Досега во земјата се направени вкупно 1.917.551 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.016, бројот на оздравени пациенти е 289.847, на починати е 9.123 а бројот на активни случаи изнесува 2.046.