Папата Франциск: во името на Бога ве молам, престанете со овој масакр!
Расте бројот на загинати во рускиот воздушен напад врз украинска база во близина на границата со Полска
Тој го нарече опколениот град Мариупол „град на маченици“ и повторно апелираше за „вистински безбедни хуманитарни коридори“преку кои ќе им се овозможи на жителите да се евакуираат.
„Во името на Бога ве молам, престанете со овој масакр!“, рече папата, додавајќи дека украинските градови ризикуваат „да бидат сведени на гробишта“.
Папата не го употреби зборот „Русија“ во осудите на војната откако рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија на 24 февруари.