Нови 92 случаи на ковид-19 и вкупно четири починати
Во изминатите 24 часа регистрирани се 92 нови случаи на заразени со ковид-19 од направени 1.176 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (92), регистрирана се 13 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се три починати лица: две починати лица од Скопје (73г и 80г) и едно починато лице од Тетово (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Дополнително од Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавено едно починато лице од Гостивар на 64 години, починати во болница. Сите починати имале претходни болести.
Од новозаразените 60 се регистрирани во Скопје, потоа Кавадарци и Охрид – по 6, Прилеп – 5, Струмица – 4, Куманово и Гостивар – по 2, Тетово, Штип, Кочани, Струга, Гевгелија, Радовиш и Делчево – по 1.
Две години од воведувањето ковид - карантин во Дебар и Центар Жупа
Регистрирани сe 363 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 301.583, бројот на оздравени пациенти е 290.617, на починати е 9.150, а бројот на активни случаи изнесува 1.816.