Русија го гаѓаше аеродромот во Лвив, нови санкции против Москва
Руски ракети денеска ја погодиле фабриката за одржување на аеродромот во Лвив, која се наоѓа во близина на аеродромот, соопшти градоначалникот на овој град во западна Украина. Во меѓувреме Јапонија и Австралија воведоа нови санкции за руски ентитети, а американскиот претседател Џо Бајден се подготвува да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг за позицијата на Пекинг во однос на руската инвазија на Украина.