По неполни 24 часа Борисов излезе од притвор
Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов вечерва излезе од притвор, по истекот на законскиот рок од 24 часа поминати во полициска станица во Софија. Тој по излегувањето на слобода во кратка изјава за медиумите посочи дека станува збор за монтиран политички процес против него.
„ Како и во 1944 година, премиерот беше сведок на Черепот, мафијата. Издржавме 24 часа. Загрижен сум дека следниот пат може да ме убијат“ рече тој пред новинарите и насобраните симпатизари и поддржувачи на неговата партија ГЕРБ .
Од притвор беа ослободени и неговата портпаролка Севдалина Арнаудова и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов.
Бугарското МВР предупредува- Борисов може да биде ослободен од притвор ако обвинителство не побрза
Претходно Бугарското министерство за внатрешни работи денеска обвини дека обвинителството доцни во оценувањето на доказите што би можело да доведе до ослободување на тројцата приведени поранешниот премиер Бојко Борисов, неговата портпаролка Севделина Арнаудова и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов.
Максималниот рок од 24 часа за притвор по приведување истекува денеска во 21 часот. Доколку бугарското обвинителство не се изјасни за дали се доволно инкриминирачки докзаите протов приведените, тие може да бидат ослободени се наведува во соопштението на бугарското министерство за внатрешни работи.
Претходно денеска во прес-центарот државното обвинителство појасни дека правната квалификација на наводното кривично дело наведена во известувањето кое го добиле од МВР по факс „ја исклучува надлежноста на Европското обвинителство во овој случај“.
Адвокатот на Борисов, Менко Менков, доцна навечер во четвртокот за медиумите изјави дека поранешниот премиер и лидер на опозициската партија ГЕРБ е приведен во 24 часа во рамките на истрагата за уцена. Тој изјави дека поранешниот премиер не е обвинет, туку е приведен во рамките на таканаречени „итни дејствија“, кои предвидуваат дека полицијата мора да го извести обвинителството што сторила во рок од 24 часа од нејзиното постапување.
Зошто е приведен Бојко Борисов?
Адвокатот рече дека тоа го наредил премиерот Кирил Петков, прецизирајќи дека истрагата за случајот е покрената по сведочењето на Петков претходно во текот на денот. На прашањето како дознал дека премиерот му одредил притвор на Борисов, Менков рече дека тој е единствениот што сведочел во случајот, но не знаел за содржината на неговото сведочење.
Во моментов се водат истраги во Европското обвинителство, изјави премиерот Кирил Петков во видео порака објавена во петок на Фејсбук страницата на владата. Тој повтори дека акцијата на МВР покажува дека никој не е над законот.