Средба Гутереш- Дендиас во Њујорк, фокусот на украинската криза
Дендиас рече дека имале долг разговор, дискутирале за случувањата во Украина и имал можност и го информирал Гутереш за „огромните проблеми, неверојатните опасности со кои се соочува грчката заедница во овој регион“.
Зеленски бара преговори без одложување, Русија потврди дека користела хиперсонично оружје
Тој се осврна и на трите кандидатури на Грција: за Советот за безбедност, за претседателство на Генералното собрание на Обединетите нации во 2035 година и за кандидатурата што дополнително ќе биде објавена, за Советот за човекови права за периодот 2028-30.
„Грција верува во Повелбата на Обединетите нации, и сака на најактивен начин да учествува во имплементацијата на овие принципи кои ги вклучува Повелбата, а тоа се принципите на меѓународното право и меѓународното право на морето,“ изјави Дендиас по средбата со Гутереш.