Нови 273 случаи на ковид 19, осуммина починале
Од вкупниот број на позитивни (273), регистрирани се 45 реинфекциии. Во текот на изминатото деноноќие, пријавени се 5 починати лица, сите починале во болнички услови.
Две години живот во пандемија- дали се гледа крајот
Согласно регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 3 смртни случаи во Скопје, Струмица и Тетово, во периодот од 18 февруари до 5 март. Станува збор за лица на возраст од 60 до 78 години, од кои две починале во болнички и едно лице во домашни услови.Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.
Во изминатите 24 часа регистрирани сe и 233 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 1 933 837 тестирања на Ковид 19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 303 140, бројот на оздравени пациенти е 291 952, на починати е 9 172, а бројот на активни случаи изнесува 2 016.