Проруската „Преродба“ протестира поради посетата на Остин на Бугарија
Протестот се одржува во момент кога американскиот секретар за одбрана Лојд Остин се наоѓа во посета на Бугарија. Демонстрантите изјавија дека не се согласуваат Бугарија да и го даде на Украина преостанатото оружје и на тој начин да биде вклучена во воен конфл икт.
Лидерот на партијата Костадин Костадинов се изјасни против поставувањето нови американски воени бази во Бугарија. Според него, влегувањето на Бугарија во конфликтот во Украина директно ќе ја инволвира и таа ќе го изгуби своето малку преостанато оружје.
Бугарија загрижена поради споредбите на нејзината политика со руската
Демонстрантите извикуваа „НАТО надвор“, „Оставка“, „Бугарски херои“, а некои скандираа „Русија“. Учесниците во рацете ги носеа партиските знамиња на „Преродба“, како и на Бугарија. Имаше транспаренти „Бугарија надвор од НАТО“ и „Бугарија мировна зона“.