Русија бомбардираше училиште во Мариупол, Зеленски обвини за воени злосторства
Руските сили бомбардираа училиште во Мариупол, кое беше засолниште за околу 400 жители, соопштија властите во опколениот пристанишен град. Засега не е познат бројот на жртвите, а украинските власти изјавија дека зградата е уништена и дека луѓе се затрупани под урнатините.