Киев повторно гранатиран, Мариупол не се предава
Украинскиот вицепремиер Ирина Верешчук изјави дека „не може да стане збор за какво било предавање и полагање оружје“ во Мариупол. Руската војска и даде рок на Украина да го предаде Мариупол, ветувајќи дека за возврат ќе понуди два хуманитарни коридора. Градоначалникот на Киев најави нов полициска час, а лидерите на ЕУ се состануваат за нови санкции кон Русија.