Пречек на македонските фудбалери во Скопје
Со виорење на македонските знамиња , скандирајќи „Македонија“ стотици граѓани вечерва се собраа на Плоштадот „Македонија“ за да ги пречекаат македонските фудбалери. Тие синоќа во Палермо успеаја да го победат европскиот шампион Италија, а со тоа и да ги продолжат квалификациите за Светското првенство.
Повикот за прославата дојде од Фудбалската репрезентација на Македонија која преку Фејсбук ги повика граѓаните на заеднички пречек во центарот на Скопје.
Инаку, победата на македонската репрезентација над супериорната Италија и вчера се прославуваше ширум земјата.
Пендаровски и Ковачевски им ја честитаа на фудбалерите победата над Италија
Со голот на Александар Трајковски во 92. минута, а на асистенција на Миовски, Македонија синоќа го победи европскиот шампион со 0-1.
Во вторник македонските фудбалери ќе играат против Португалија во Лисабон во натпревар кој одлучува која од двете репрезентации ќе игра на Светското првенство во Катар кон крајот на годинава.
Португалија вчера ја совлада Турција со 3-1.