Бугарија в понеделник домаќин на состанокот на шефовите на земјите од НАТО во ЈИЕ
Премиерот на Бугарија, Кирил Петков ќе биде домаќин на средбата на шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО во Југоисточна Европа, соопшти прес-службата на бугарската влада. Форумот ќе се одржи на 28 март во владината резиденција „Бојана“.
НАТО го зајакнува присуството од Балтичкото до Црното море
На вонредниот самит во Брисел лидерите на земјите членки на НАТО се договорија да го зајакнат присуството на Алијансата на источното крило на територијата. Договорено е да се формираат четири дополнителни борбени групи во Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка.
„Сега имаме осум мултинационални борбени групи на НАТО од Балтикот до Црното Море“, рече генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг на крајот од вонредниот самит.
Тој потврди дека ќе се зајакне присуството на Алијансата во копнениот, морскиот и воздушниот простор на земјите на НАТО кои граничат со Украина.