ВЕЛКОВСКА ТРАЈАНОВСКА: Се обидуваме да ја подигнеме свеста за историското значење на музичкото културно наследство
Со Гала концерт на солистите, хорот и оркестарот на НОБ на 1 април ќе започне 45-то издание на манифестацијата „Денови на македонска музика“. Во априлската и есенската сезона на Фестивалот, зад кој сите овие години стои СОКОМ, планирано е да се одржат 16 концерти и пет музички средби и трибини.