„Моето име е Горан Стефановски“ или „Домот е таму каде што боли!“
Со идеја да биде интимна посвета на еден од најзначајните македонски и европски драматурзи, во Драмски театар Скопје, на 31март и 1 и 2 април, премиерно ќе биде изведена претставата „Моето име е Горан Стефановски“ чии автори се драматургот Бранислава Илиќ и режисерот Бранислав Миќуновиќ.