„Љубовта спасува животи“ на Јунаковиќ објавена на македонски јазик
На 2 април, Светскиот ден на литературата за деца, издавачката куќа „Софија“ од Богданци, како најава за четвртото издание на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера 2022“, ја објави сликовницата „Љубовта спасува животи“ на реномираниот хрватски уметник - Свјетлан Јунаковиќ.