Филхармонија ја чествува уметноста на Саша Николовски Ѓумар
„Омаж за Саша Николовски -Ѓумар“ е насловен концертот посветен на големиот македонски диригент и уметник што оркестарот на Филхармонија ќе го изведе овој четврток, на 7 април. На програмата се дела на Сергеј Рахмањинов, солист на пијано ќе биде Дино Имери, а диригент маестро Вања Ѓумар Николовски.