Поминаа три децении од почетокот на војната во БиХ
Силите на босанските Срби потпомогнати од Србија окупираа 70 проценти од земјата. Во опсадата на Сараево која започна на 6 април 1992 година, околу 380.000 луѓе останаа без струја, вода или греење. Многумина од оние кои загинале за време на опсадата - вклучувајќи и стотици деца - беа убиени од снајперисти.
Босанскиот конфликт заврши во 1995 година со Дејтонскиот мировен договор. Договорот стави крај на борбите, но остави нација силно поделена по етнички линии.