Почнува седмиот Делфи економски форум во Грција
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неколкумина министри ќе учествуваат на седмиот Делфи економски форум во Грција што почнува денеска и ќе трае до 9 април. Со оглед на тоа дека присутни ќе бидат премиерите на Северна Македонија, на Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, и оваа година предвиден е посебен дел посветен на Западен Балкан. Потврдено е учеството и на комесари и претставници од Европската Унија, а освен низата панел дискусии, планирани се и затворени настани, а еден таков ќе биде посветен на Турција.
Ако се спроведува Преспанскиот договор, Грција ќе ја поддржува Македонија за ЕУ
Делфи економскиот форум е независна, непрофитна организација со меѓународен карактер, каде секоја година се среќаваат престижни личности од економијата, политиката и академската заедница, а целта е да се прикаже реална рамка на цели и активности, да се бараат политики за справување со глобалните предизвици и да се најдат соодветни решенија за сложените прашања во Југоисточна Европа и Источниот Медитеран, но и да се промовираат иновативни идеи за одржлив и конкурентен раст за Европа и поширокиот регион. Лани, Економскиот Форум од Делфи го организираше Првиот економски Форум во Скопје, а оваа година, на 6 јуни ќе се одржи вториот.