Препорака за укинување на задолжително носење на маски
„Најпрво ја разгледавме епидемиолошката состојба во државата и заклучивме дека моменталните услови ни овозможуваат да размислуваме за намалување на рестриктивните мерки и се согласивме да препорачаме укинување на мерката за задолжително носење на маски во затворен простор“, изјави на прес-конференција претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.
Дополнително олабавени антиковид мерките
Тој посочи дека од оваа мерка се исклучок здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз. За овие четири затворени објекти останува задолжителното носење на макси. Маските ќе може да се носат во затворен простор само по желба на индивидуите, но задолжително носење не се практикува веќе, истакна Петличковски.