АНСАМБЛ МЕИТАР повторно на „Денови на македонска музика“
Со одбрана програма од дела на македонски и израелски творци, во сабота на 8 април од 20 часот, во Музеј на македонската борба во Скопје, ќе настапи АНСАМБЛ МЕИТАР. Ова е второ гостување на пијанистот Амит Долберг и неговата музичка дружина на фестивалот ДММ.