МПЦ-ОА: Црковните теми и содржини да се остават на црковните авторитети
„Тврдењето дека нашата земја „е типичен пример каде што критичката анализа меѓу историјата и политиката се уште не се случила“ е – неприфатливо. При оваа прилика, кога истовремено се отвора и темата за устројството на Охридската Архиепископија – наследничката на Јустинијана Прима, истакнуваме дека црковните теми и содржини треба да се остават на црковните дејци и авторитети“, стои во соопштението од канцеларијата на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА.
Ако Петков сам пресече за Македонија - ризикува пад на Владата
Од Македонската православна црква – Охридска Архиепископја прашуваат по која основа некој ги обележува светителите.
„ Па тие, благодарение на својот богоугоден живот, дела и подвизи, им припаѓаат на оние народи коишто ги почитуваат! Затоа апелираме дека единствено во духот на Евангелието, само со меѓусебно почитување и признавање, може да се придонесе во градењето на довербата меѓу двата едноверни и со сите народи“, се наведува меѓудругото во соопштението од МПЦ-ОА.