Сали: Приоритет е справувањето со аерозагадувањето и безбедноста на храната и водата
„Обезбедувањето здрава животна средина значи и поздрави луѓе и поздрави поколенија. Потребен е мултисекторски интегративен пристап за спречување и ублажување на негативните ефекти на животната средина врз здравјето на луѓето“, изјави министерот.
Матичните доктори со протест пред Министерство бараат повеќе пари
Тој нагласи дека само заедничката работа и координативниот пристап водат кон посакуваните разултати. Додаде дека во истата насока ќе продолжат да делуваат и во иднина.
„Како што гласи мотото на овој светски ден „Наша планета, наше здравје“ денеска да пратиме порака дека сите ние со личен пример, како индивидуално, така и заеднички, придонесуваме кон поздрава иднина за сите нас и за идните поколенија“, порача Сали.
Зошто е кревко здравјето на македонските граѓани?
Во 1948 Светската здравствена организација донела одлука 7 април секоја година да се одбележува како Светски ден на здравјето. Овој ден е датумот кога е основана СЗО и се смета за можност да се привлече меѓународно внимание на здравствените проблеми со кои се соочува светот.