Нови 202 случаи на ковид-19 и две починати лица
Од вкупниот број на позитивни (202), регистрирани се 35 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица, по едно починато лице од Скопје (79г) и едно починато лице од Охрид (90г), двете лица се починати во болнички услови. Кај двете починати лица се регистрирани коморбидитети.
Зошто е кревко здравјето на македонските граѓани?
Досега во земјата се направени вкупно 1.976.805 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 307.344, бројот на оздравени пациенти е 296.574, на починати е 9.236, а бројот на активни случаи изнесува 1.534