Нови 163 случаи на ковид-19 и четворица починати
Најголем дел од заразените се регистрирани во Скопје – 102, потоа следат Битола – 18, Куманово – 8, Прилеп и Ресен – по 5, Кавадарци, Велес и Кичево – по 3, Тетово, Охрид, Струмица, Гевгелија и Делчево – по 2, Гостивар, Радовиш, Валандово, Виница, Кратово и Демир Капија – по 1.
Регистрирани сe 259 оздравени пациенти.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин пријавени се четири починати лица на возраст од 64 години до 83 години. Пријавените лица се починати во период од 02.03.2022 до 21.03.2022 година. Од пријавените лица три се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Зошто е кревко здравјето на македонските граѓани?
Кај тројца од починатите биле регистрирани претходни болести.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 307.507, бројот на оздравени пациенти е 296.833, на починати е 9.240, а бројот на активни случаи изнесува 1.434.