Притвор за Тетовец поради убиство на сопствената мајка
Триесет дневен притвор доби 45 годишниот жител на тетовско Селце кој ја убил својата мајка, информираат од основното јавно обвинителство во Тетово.
„По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово на осомниченото лице му определи мерка притвор во траење од 30 дена“, стои во соопштението на обвинителството.
Приведени родители кои сексуално ја злоставувале и продале својата ќерка
Како што информираат од таму, вчера во дворот на семејната куќа во која живееле, осомничениот, без повод и причина, ја нападнал жртвата, нанесувајќи и смртоносен удар со секира.
Со ваквото дејствие тој сторил кривично дело „убиство“ од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, се додава во соопштението.