Претседателот на Германија Штајнмаер во посета на Полска
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска ќе престојува во Полска, соопшти кабинетот на германскиот претседател. Во Варшава тој ќе се сретне со претседателот на Полска, Анджеј Дуда. Други детали од посетата сѐ уште не се познати. Патувањето на претседателот на Германија и неговата сопруга Елке Буденбендер во Полска првично беше планирано за вторник, 29 март. Сепак, посетата беше откажана поради инфекција со коронавирус на Штајнмаер.
Тицињски - Полска сака преговорите со ЕУ да ги почнете уште утре
Посетата на Полска требаше да биде прва странска посета за време на вториот мандат на германскиот претседател, кој започна на 13 февруари годинава. Со својата посета, Штајнмаер сакаше да испрати сигнал до Полска, нагласувајќи ја нејзината улога како централен партнер на Германија. Првото странско патување во вториот мандат на Штајнмаер беше еднодневната посета на Финска на 8 април.