До каде ќе се задолжува Македонија?
Владата сака со закон да го ограничи плафонот на задолжување. Законот, кој е во собраниска процедура предвидува лимитот за долгот на владата да биде 60 отсто од БДП, а јавниот долг да не надмине 75 отсто, додека буџетскиот дефицит ќе се ограничи на 3 отсто од БДП. Сличен предлог имаше и во 2014 кога владата предводена од Никола Груевски за таа цел иницираше и устави измени. Секое поставување на лимит треба да биде добро осмислено, вели професор Борче Треновски, за да не ѝ се даде отворен простор на владата за долгови, ниту пак да се ограничи потенцијалот за поддршка на развојни проекти.